Објавено на:

Русија забрани влез на воени функционери на ЕУ во државата

t

Русија денеска соопшти дека вовела санкции за одреден број граѓани на Европската унија како одговор на „непријателската антируска политика на Западот”.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека забранува влез на голем број европски воени функционери, високи офицери за безбедност, како и претставници на компании за продажба на оружје.

Меѓу санкционираните има вработени во компании кои ја снабдуваат Украина со оружје.

Министерството не ги наведе имињата на лицата на кои им е забранет влез во Русија.

Москва претходно воведе санкции за голем број западноевропски политичари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Путин ја претстави најновата руска нуклеарна…

Рускиот претседател Владимир Путин во петокот учествуваше…

Кос: Албанија би можела да стане членка…

Европската комесарка за проширување Марта Кос денеска…

Лидерите од Брдо-Бриони побараа објективен и предвидлив…

Целосното и навремено членство на земјите од…

Пленковиќ ѝ постави услов на Црна Гора:…

Црна Гора нема да ги затвори преговорите…

ЕУ предлага санкции за една банка и…

Европската комисија предложила воведување санкции за една…