Русија: Зошто на Америка е против прекин на огнот во Газа?!
Постојаниот претставник на Русија во Обединетите нации Василиј Небензја на седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации ги запраша своите американски колеги зошто Вашингтон е против прекин на огнот во Појасот Газа, но тие не одговорија.
„Би сакал да поставам прашање до американскиот претставник: Објаснете зошто сте против прекинот на огнот. Дали ова значи дека САД, како постојана членка на Советот за безбедност, ја поддржуваат доктрината за целосна одмазда во Газа? Каде е вашето сочувство за цивилите, кое толку слатко го изразувате на секој состанок на Советот за Украина? Во исто време, животите на цивилите во Украина не се ни приближно загрозени како Палестинците во Газа. Или мислите само на оние на европскиот континент, додека палестинските животи никому не му се важни во Вашингтон?“, праша Небензја.
Тој ги упати истите прашања до западните делегации во Советот за безбедност на ОН, кои „срамежливо се воздржаа“ од гласање за сите нацрт-резолуции со кои се бара прекин на огнот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД ѝ се заканија на Турција со…
Помошникот на шефот на американското Министерство за…
Ние кога? САД инвестираат 2,2 милијарди долари…
Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден објави…
„Њујорк Тајмс“: Иран бара од Русија напредни…
Иранската влада побарала од Русија напредни радари…
САД: Неонацистичка група има намера да се…
Предизборната кампања во САД се соочи со…
Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…