Објавено на:

Русија изврши напади врз Украина со ракети и дронови

t

Русија изминатата ноќ лансирала 16 проектили и 11 дронови кон Украина, при што загинало најмалку едно лице, соопшти украинското воздухопловство.

Гувернерот на украинската област Лавов во западниот дел на земјата соопшти дека во текот на ноќта е убиено едно лице.

– Вечерва непријателот ја нападна со крстосувачки ракети истата важна инфраструктура која претходно беше цел на 24 и 29 март. Оштетена е управната зграда, соопшти гувернерот Максим Козицки на Телеграм.

– Еден човек загина во нападот, додаде тој.

Украинските воздухопловни сили во објава на Телеграм соопштија дека успеале да соборат девет дронови и девет проектили.

Во текот на изминатата недела, Русија значително ги засили воздушните напади врз украинските енергетски постројки, предизвикувајќи значителна штета и оставајќи ги Украинците да стравуваат од нови прекини на струјата како во првата зима од војната.

Најголемата украинска приватна енергетска компанија ДТЕК вчера соопшти дека пет од нејзините шест електрани биле оштетени или уништени со изгубен 80 отсто од нивниот производствен капацитет. Поправките може да траат до 18 месеци. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скандал во САД: ФБИ ја претресува куќата…

ФБИ изврши рација во домот на поранешниот…

Британската метеоролошка служба предупредува: 2027 година ќе…

Британската метеоролошка служба предупреди дека Ел Нињо,…

Уништени над 45 од 112 новопоставени столбови…

Здружение за Одржлив Развој САТ – Скопје…

Џорџа Мелони мислела дека ќе ѝ оди…

Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска призна дека…

Натепана 80 годишна жена во сопствениот дом…

На 20.08.2026 во 12:45 часот во Полициското…