Објавено на:

Русија изврши најмасовен напад врз електродистрибутивната мрежа на Украина

t

Извршен најголем руски бараж врз Украина со повеќе од 50 ракети и 20 дронови. Сериозно оштетени три термоелектрани. Во регионот на Киев повредени цивили и отштетна инфраструктура. Гранатиран и североисточниот регион Суми.

„Утрото беше гласно, слушавме ракети како летаа покрај нашата куќа во Запорожје, а потоа имаше многу силна експлозија по која испукаа прозорците“, изјави Ирина Кондрашкина – жителка на Запорожје.

Зеленски со осуда за нападот. Во пресрет на денот на победата и примирјето испрати порака до светот.

„Само обединет слободен свет – обединет во коалицијата против Путин може да спречи ново зло да се шири низ европскиот континент“, изјави Володимир Зеленски -претседател на Украина.

Властите во Луганск пак, тврдат дека украинските сили нападнале складиште за нафта на периферијата на градот, по што избил пожар. Петицијата на Зеленски за распоредување војници на НАТО во Украина, Кремљ ја нарече опасна провокација. Француските војници во Украина ќе бидат легитимна цел на руската армија-потврди Захарова.

„Не еднаш коментиравме за неодговорната провокативна реторика на Макрон. Ако французите се појават во зоната на конфликтот, тие неизбежно ќе станат цел на руските вооружени сили“, изјави Марија Захарова -портпаролка на Министерството за надворешни работи на Русија.

И покрај агресивната реторика, велат од Вашингтон, не гледаат вистински чекори од руската федерација во однос на можната употреба на нуклеарно оружје.Но, сојузникот на Москва-Белорусија вети итен одговор на секоја воена агресија врз Републиката.

„Доколку се случи каква било агресија, одговорот ќе биде моментален. Ова е оружје за одвраќање, за одбрана. Никој нема да тргне во офанзива со ова оружје. Никогаш не сме дошле толку блиску до прагот на нуклеарна војна“, изјави Александар Лукашенко – претседател на Белорусија.

Во меѓувреме сè уште се дебатира за трансферот на системите за противвоздушна одбрана патриот во Украина. Романскиот претседател не ја исклучува можноста да помогне, но конечната одлука ќе следи по консултации со високиот совет за безбедност на земјата. Во однос на приведените руски агенти во Украина кои планирале атентат врз Зеленски, Кремљ остана без коментар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…

(Видео) Крмов: Имаме скржава власт која одвои…

Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седницата…

Сите на одмор: На „Табановце“ и „Богородица“…

На граничните премини „Табановце” и „Богородица”, времето…

Иран со ново предупредување: Следуваат уште поостри…

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан испрати силна порака…