Русија има за цел јакнење на стратешкото партнерство во БРИКС
Како дел од претседавањето со БРИКС, Русија е фокусирана на сеопфатно зајакнување на стратешкото партнерство, најави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.
„Сите сме сведоци на тектонски промени на меѓународната сцена. Пред нашите очи се формира поправеден, мултиполарен светски поредок. Нејзината карактеристика е стремежот на се поголем број земји од глобалниот југ и исток да го зајакнат својот суверенитет и автентичност, да водат независна надворешна политика, да се потпираат на клучните национални интереси. Природна последица на тие аспирации е силно зголемување на интересот за БРИКС“, рече Лавров во видео обраќањето пред учесниците на Петтиот меѓународен форум на општините на БРИКС плус земјите.
Лавров изјави дека резултат на поголемиот интерес за соработка со БРИКС е историската одлука за прием на шест нови членки од 1 јануари 2024 година.
„Следната година со БРИКС ќе претседава Руската Федерација. Фокусирани сме на продуктивна, енергична работа на зајакнување на стратешкото партнерство во сите правци“, рече Лавров.
Членови на БРИКС се Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка. На самитот во Јоханесбург во август беше објавена одлуката дека Аргентина, Египет, Иран, Етиопија, Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија ќе станат полноправни членки на организацијата од 1 јануари следната година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија нападна брод под либериско знаме во…
Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…
Русија ги повика странците и дипломатите да…
Русија денес објави дека ќе продолжи да…
Млада лаборантка почина од чума во Русија,…
Жена почина од белодробна чума во регионот…
Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…
Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…
Воен авион се урна во Русија, загинаа…
Тешка авионска несреќа со воен авион се…