Русија и Украина разменија воени заробеници
Руското Министерство за одбрана вечерва соопшти дека 94 руски војници се ослободени од украинско заробеништво, додека Киев објави дека 95 војници се вратени во Украина.
„Во рамките на преговарачкиот процес, 94 руски војници, чии животи беа во опасност, беа ослободени од територијата контролирана од режимот на Киев“, соопшти руското Министерство, пренесува ТАС.
Во соопштението се додава дека ослободените војници ќе бидат пренесени во воените болници на лекување и рехабилитација.
Началникот на кабинетот на украинскиот претседател Андриј Јермак изјави дека 95 украински војници се вратени дома, а меѓу нив има и ранети, пренесе Ројтерс.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Норвешка подготвува штит против дронови на границата…
Норвешка ќе распореди дополнителни сензори за противвоздушниот…
ДВЕ СОМНИТЕЛНИ ВОЗДУШНИ ЦЕЛИ ПРЕСРЕТНАТИ КАЈ ГРАНИЦАТА…
Две воздушни цели биле забележани во близина…
(ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ВИДЕА) ИНЦИДЕНТ ВО БЛИЗИНА НА КИЕВ:…
Сериозен инцидент во кој се вклучени припадници…
Меланија Трамп: Речиси 800 луѓе беа евакуирани…
Речиси 800 лица беа евакуирани од градот…
Хакерски напад предизвика лажни нуклеарни и хемиски…
Хакерски напад предизвика лажни нуклеарни и хемиски…