Објавено на:

Русија најверојатно извршила злосторства против човештвото – велат од ОБСЕ

t

Руските трупи најверојатно извршиле злосторства против човештвото по нивната инвазија врз Украина, соопшти независна истражна комисија.

Извештајот на тројца адвокати од Австрија, Швајцарија и Чешка го нарачаа 45-те земји-членки на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) и е објавен денеска во Виена.

Тројцата експерти не донесоа конечна пресуда дали се сторени злосторства против човештвото. Сепак, тие истакнаа дека одредени обрасци на руското насилство „најверојатно ја исполнуваат таа квалификација“.

Тие вклучуваат насочени убиства и киднапирања на цивили, вклучително и новинари и официјални лица. Според општа дефиниција, масовните или систематски напади врз цивили се сметаат за злосторства против човештвото.

Според извештајот, руските единици јасно ги прекршиле своите должности да ги заштитат цивилите. Во спротивно, бројките на жртвите би биле многу помали, а многу помалку домови, болници и училишта би биле уништени, се вели во извештајот.

– Мисијата откри јасни обрасци на кршење на МХП (Меѓународното хуманитарно право) од страна на руските сили, се вели во извештајот, додавајќи дека не се преземени никакви мерки на претпазливост, ниту пак се поштедени места како училишта и болници.

И покрај негирањата на Русија, во извештајот се вели дека нападот на 9 март на породилиштето и детската болница во Мариупол го извршила Русија и оти одговорните извршиле воено злосторство.

Исто така, се тврди дека нападот на Драмскиот театар во Мариупол на 16 март, во кој беа убиени 300 луѓе, е воено злосторство. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…

Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…

Трамп ги замрзна санкциите кон Русија

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го стопираше…

Украина нападна руска радарска станица вредна околу…

Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…

Руските власти го уапсија главниот уредник на…

Уредникот на рускиот независен медиум „Новаја Газета“,…

Руте разговарал со Зеленски за важноста од…

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…