Објавено на:

Русија одговори на санкциите: “Отсега Европа ќе живее без руска нафта”!

t

Русија го отфрли воведувањето на западното ограничување на цената на извозот на нејзината нафта, велејќи дека „Европа сега ќе живее без руска нафта“. Да потсетиме дека претходно објавивме дека групата Г7, која ги обединува најмоќните светски економии, заедно со Австралија и Европската унија, се договори за воведување на ценовно ограничување од 60 американски долари за барел руска нафта.

Тоа е потег на западните земји кои сакаат да ја спречат експлозијата на цените, но и да му ускратат на рускиот претседател Владимир Путин средствата што му се потребни за финансирање на војната во Украина.

За ограничувањето на цената денеска коментираше и портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, кој рече дека Москва „нема да го прифати“, пренесува руската прорежимска агенција РИА.

Песков рече дека Русија ќе спроведе „брза анализа“ на договорот за ограничување на цената и потоа ќе одговори. Сепак, пред официјалниот одговор на Москва, значајна порака дојде од Михајло Уљанов, постојан претставник на Москва во меѓународните организации во Виена, кој рече дека европските земји кои го поддржуваат ограничувањето на цената ќе зажалат за својата одлука.

„Од оваа година Европа ќе живее без руска нафта“, објави Уљанов на Твитер и додаде: „Москва веќе јасно стави до знаење дека нема да продава нафта на земјите кои поддржуваат антипазарни ограничувања на цените. Само почекајте, наскоро ЕУ ќе ја обвини Русија дека ја користи нафтата како оружје“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НАТО: Кина да престане да ѝ помага…

Доколку Кина сака да има добри односи…

Путин ќе ја посети Кина во мај

Рускиот претседател Владимир Путин најави дека во…

САД ѝ испорача на Украина балистички ракети…

САД испратија нов ракетен систем со долг…

Заменикот МНР на Русија се закани: Полска…

Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј…

Папата Франциск: Мировни преговори во Украина и…

Папата Франциск апелираше да започнат мировни преговори…