Објавено на:

Русија останува отворена за дијалог со Западот

t

Русија останува отворена за дијалог за безбедност и стратешка стабилност со Западот, но само под еднакви услови, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

„Како што рече рускиот претседател (Владимир Путин), остануваме отворени за дијалог со Западот, особено за прашањата на безбедноста и стратешката стабилност. Сепак, тоа не треба да биде разговор од позиција на сила и сопствена исклучителност, туку треба да се води под еднакви услови, врз основа на взаемно почитување на интересите“, истакна Лавров на 32. Собрание на Советот за надворешна и одбранбена политика.

Тој нагласи дека овие прашања треба да се разгледуваат во целина.

„Во сегашната ситуација, сосема е правилно да се зајакне соработката со земјите од глобалното мнозинство кои не се подготвени да ги жртвуваат своите односи со нас, кои се заемно корисни и засновани на историска меморија, заради непромислениот геополитички потег на Западот во Украина“, заклучи Лавров.

Тој рече дека Москва несомнено ќе може да ги заштити своите интереси во однос на Украина, како и во односите со Западот и Европа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…

Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…

Трамп ги замрзна санкциите кон Русија

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го стопираше…

Украина нападна руска радарска станица вредна околу…

Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…

Руските власти го уапсија главниот уредник на…

Уредникот на рускиот независен медиум „Новаја Газета“,…

Руте разговарал со Зеленски за важноста од…

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…