Објавено на:

Русија се заканува со напад врз сателитите на Маск

t

Русија ги обвини Соединетите Држави дека користат комерцијални сателитски оператори за нивните разузнавачки напори – и се заканува дека ќе преземе воена акција како одговор.

Веста доаѓа неколку дена откако „Ројтерс“ објави извештај на почетокот на овој месец, во кој детално беше опишан доверливиот договор што „SpaceX“ го потпиша со американската разузнавачка агенција за лансирање на стотици шпионски сателити.

„Свесни сме за напорите на Вашингтон да го привлече приватниот сектор да им служи на неговите воени вселенски амбиции“, изјави за новинарите портпаролката на Министерството за надворешни работи Марија Захарова, цитирана од „Ројтерс“. Овие системи „стануваат легитимна цел за одмазднички мерки, вклучително и воени“, рече таа.

Инсајдерски извори за „Ројтерс“ изјавиле дека „SpaceX“ работи на огромна констелација шпионски сателити под нејзината деловна единица фокусирана на војската, наречена „Starshield“. Компанијата предводена од Илон Маск потпиша договор од 1,8 милијарди долари со Националната канцеларија за извидување во 2021 година, а информацијата пред еден месец ја објави „Волстрит журнал“.

Развојот ги нагласува продлабочените врски на „SpaceX“ со американската војска, како и потпирањето на Пентагон на приватниот сектор за да стекне тактичка предност во орбитата. Светските сили, вклучително и САД, Русија и Кина, се тркаат да развијат оружени системи базирани на вселената што можат да ги отстранат противничките сателити.

Последиците од војната во орбитата на Земјата може да се покажат како катастрофални. Претходно оваа година, германските воени претставници предупредија дека Русија развива антисателитското вселенско оружје со нуклеарен погон кое може да ги избрише сите сателити во негов дострел, не само американските или руските.

Според Ројтерс, шпионско „соѕвездие“ на „SpaceX“ би можело да ѝ даде на американската војска голем чекор предност, што ќе и овозможи да идентификува цели од целиот свет преку употреба на континуирани слики на активности на теренот.

„Никој не може да се сокрие“, изјави еден извор за „Ројтерс“.

Односот меѓу „SpaceX“ и американската војска во последно време е затегнат со употребата на сателитската технологија „Starlink“ во Украина. Маск е обвинет дека ја саботирал војската на опколената земја со исклучување на украинските сили од интернетот на „Starlink“.

Останува да се види дали последните коментари на Русија се нешто повеќе од празни закани – но американската војска секако слуша.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Орбан со чудна порака по повод…

Како што пренесува порталот „Унгарија денес“, Орбан…

Зеленски: Очекуваме силен руски напад кон крајот…

Украина се соочува со „нова фаза“ на…

Бербок ја обвини Русија за сајбер напад…

Германското Министерство за надворешни работи ги покани…

Захарова ги предупреди Вашингтон, Лондон и Брисел:…

Официјалната претставничка на Министерството за надворешни работи…

Ќе изгради ли Русија воена база во…

Отворањето на руска воена база во Централноафриканската…