Објавено на:

Русија со шокантно обвинение: Неонацистите 4,5 милиони луѓе држат како жив штит

t

Неонацистите, како што Москва ги дефинира борците на паравоените формации поврзани со крајно десните движење во Украина а кои се најдобро вооружени и вклучени во украинската војска, дека злоупотребуваат 4,5 милиони луѓе , меѓу нив и речиси седум илјади странски државјани – како жив штит, обвини во неделата началникот на рускиот Национален центар за управување со одбраната, генерал-полковникот Михаил Мизинцев.

„И покрај секојдневните отворања хуманитарни коридори, украинските неонацисти и натаму држат како жив штит повеќе од 4,5 милиони цивили во Киев, Харков, Чернигов, Суми и во повеќе од двесеттина други блокирани големи населени места, како и 6.838 странски државјани од 18 земји“, рече Мизинцев.

Москва и претходно, особено во опколениот јужен пристанишен град Мариупол, ги обвинуваше борците на злогласниот ткн баталјон „Азов“ и странските платеници, дека на цивилното население не му дозволуваат да излезе од градот преку коридорите кои водат кон Донбас или Крим, како и дека своите позиции ги поставуваат во станбени населби, близу детски градинки, болници и училишта и други цивилни објекти.

Посочи дека екипажите на 70 бродови од 15 странски земји истануваат блокирани во украинските пристаништа, поради високата опасност од поставените подводни мини.

Претходно во саботата Русија предупреди на поморски мини кои украинската воена морнарица ги поставила во целото Црно Море по почетокот на руската офанзива во Украина, а кои би можеле да отпловат неконтролирано до Босфор или дури до Средоземното Море. Мините биле поставени во близина на големите украински пристаништа Одеса, Очаков, Черноморск и Јужни. Станува збор за околу 420 „застраени мини произведени во првата половина од XX век“ а бурите влијаеле врз кинењето на каблите кои ги поврзуваат мините со котвите.

Имајќи предвид дека во оваа област преовладуваат површинските морски струи кои се движат во јужна насока, не е исклучено плутање и придвижување на мините кон Босфорот, а потоа и кон морињата во Средоземноморскиот басен.

Мизинцев во неделата, исто така, рече дека на територијата на Руската Федерација и натаму се активни повеќе од 9.500 центри за привремено сместување на луѓето кои бегаат од војната во Украина. Во неделата утрото Русија објави дека во претходното деноноќие евакуирала 16.000 луѓе од зоните на судирите во различни региони на Украина.

„Федералните тела на извршната власт, заедно со разни субјекти на Русија, општествени организации и патриотски движења, продолжуваат со собирње хуманитарна помош. На собирните пунктови веќе за испраќање се подготвени над 20,5 тони храна, лекови и други неопходни продукти“, рече Мизинцв.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Kурти смета дека местото на Косово е…

Косовскиот премиер Албин Курти денеска во Берлин…

Девет железничари во Турција осудени на над…

Судот во Турција осуди деветмина железничари на…

Заменикот МНР на Русија се закани: Полска…

Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј…

Осомничените за убиството на малата Данка се…

Осомничените за убиството на двегодишната Данка Илиќ…

Папата Франциск: Мировни преговори во Украина и…

Папата Франциск апелираше да започнат мировни преговори…