Русија тврди дека украински дрон погодил автобус, меѓу загинатите и 17-годишник
Русија денеска ја обвини Украина дека со напад со дрон врз патнички автобус во Белгородската област усмртила пет цивили, меѓу кои и 17-годишно момче. Според руските власти, уште три повредени лица се наоѓаат во критична состојба.
Гувернерот на Белгородската област, Александар Шуваев, соопшти дека во нападот се повредени вкупно 23 лица. Тој на Телеграм напиша дека дронот намерно го погодил автобусот во градот Шебекино.
„Според првичните информации, во овој нехуман напад загинаа петмина недолжни цивили – четири жени и еден малолетник“, наведе Шуваев.
Украинските власти засега не се огласија по повод овие тврдења, а агенцијата „Ројтерс“ наведува дека не можела независно да ги потврди руските информации.
Белгородската област, која се граничи со украинската Харковска област, од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година често е цел на украински напади. И Русија и Украина постојано тврдат дека не напаѓаат цивилни цели.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фон дер Лајен: Русија се обидува да…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Се бара укинување на ветото во ЕУ,…
11 земји членки на Европската Унија побарале…
Кипар со најголем пад на туризмот во…
Бројот на ноќевања во туристички сместувачки капацитети…
Уапсен 51-годишник од Тетовско, пијан ги нападнал…
Полицијата уапсила 51-годишен маж од тетовско село,…
Нападнат работник на „Градски паркинг“ на паркиралиште…
Вчера во 23:50 часот во СВР Скопје,…