Објавено на:

Русија ѝ порача на Европа: Можеме да извезуваме повеќе гас – но има еден услов

t

Русија може да и испорачува повеќе гас на Европа, бидејќи има доволно ресурси, но потребни се долгорочни договори, изјави рускиот вицепремиер Александар Новак, одговарајќи на обвинувањата против Русија поради влошувањето на ситуацијата на енергетскиот пазар.
„Можеме да испорачаме повеќе, имаме огромни ресурси, но секое производство е инвестициски проект за кој треба време да се исплати и да привлече инвестиции. Затоа, мора да постои јасна продажна политика. Затоа отсекогаш инсистиравме долгорочните договори да бидат првенствено систем на енергетска сигурност за потрошувачите кои користат такви извори на енергија“, изјави Новак за телевизијата „Русија 1“.

Новак смета дека енергетската криза е предизвикана од „ краткогледната политика на ЕУ и Европската комисија, која во последните години е насочена кон насочено напуштање на долгорочните договори со цел да се намали зависноста од Русија“.
„Погрешно планирање, кусогледа енергетска политика – тоа е главоболката на европските политичари што се обидуваат да ја пренесат на други“, изјави Новак.
Тој повтори дека Русија ги исполнила сите свои долгорочни договори за снабдување со гас минатата година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Захарова: Поради вежбите на НАТО во Финска,…

Маневрите на НАТО во близина на границите…

Поради корупција уапсен е рускиот заменик министер…

Русија уапси министер поради примање мито.  Рускиот…

Лавров се заканува? Западот е на работ…

Западот е на работ на директен воен…

Русија и Кина потпишаа Меморандум за соработка…

Врховниот командант на руската морнарица, адмирал Александар…

Пентагон: Украина ќе ја добие помошта за…

Откако американскиот Конгрес го одобри пакетот воена…