Руската амбасада во Вашингтон: Имаме право да ги движиме своите сили по целата територија на државата, нема да отстапиме пред заканата од Америка
Русија нема да се откаже од своите интереси поради заканата на Америка, соопшти руската амбасада во Вашингтон. Нема да има отстапки поради санкциите, се додава во соопштението.
„Генератор на тензија не е Москва, туку Вашингтон. Немаме намера да се повлечеме и мирно да застанеме пред заканата од американски санкции“, се вели во пораката на амбасадата на Фејсбук.
Се посочува дека САД „поттикнаа радикално-националистички пуч во Киев, поради што жителите на Крим беа под закана од уништување и гласаа за обединување со Русија“, се вели во пораката.
Се наведува и дека Вашингтон ги снабдува украинските власти со модерно офанзивно оружје, исполнувајќи ги желбите на владата на Владимир Зеленски да го реши проблемот со Донбас насилно.
Руските дипломати го обвинија Вашингтон за кршење на принципот на неделивост на безбедноста и за приближување на неговата воена инфраструктура до руските граници.
Истовремено, се нагласува дека Русија има суверено право да ги движи своите сили на нејзина територија и дека тоа не претставува закана за никого.
Да потсетиме, западните земји и се закануваат на Русија со невидени санкции во случај на ескалација на конфликтот во Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија изгубила речиси милион и пол војници…
Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…
„Или сте со нас, или против нас“…
Откако САД најавија „економска војна“ против Иран,…
Пентагон: Над 750 американски војници ранети во…
Вкупно 757 американски војници се ранети од…
Америка крие тела на четири вида вонземјани,…
Научник, кој со децении работел со програмата…
Долгот на САД за првпат надмина 40…
Јавниот долг на САД за првпат ја…