Руската амбасада објави, Евроазиската економска унија во бројки: Намалена невработеност, речиси 100% зголемување на БДП!
Руската амбасада во Македонија сподели некои од постигнувањата на Евроазиската економска унија за 2022. година. Како што стои во објавата, БДП на ЕАЕУ се зголемил за речиси 99%, обемот на трговијата е зголемен за 13%, просечната плата е зголемена во сите земји членки, а невработеноста е намалена за скоро 20%.
– Евроазиска економска унија (ЕАЕУ) во бројки: резултати од 2022 година
Завршува 2022 година, jубилејниот за Евроазиската економска комисија. На многу начини тоа беше година на предизвици и испити, но и покрај сѐ, Комисијата заедно со земјите успеа да обезбеди макроекономска стабилност. Еве е резиме на итогите на оваа година.
БДП на ЕАЕУ изнесуваше 1,7 трилиони долари за 9 месеци (98,8% во споредба со истиот период минатата година). На крајот на годината, падот на БДП може да биде околу 2,2-2,9% годишно.
Обемот на меѓусебната трговија во ЕАЕУ достигна 67 милијарди долари за 10 месеци и се зголеми за 13,2% на годишно ниво. Се очекува обемот на транзакции во национални валути во меѓусебните плаќања до крајот на годината да биде околу 80%.
Производството на земјоделски производи во ЕАЕУ изнесуваше околу 140 милијарди долари за 10 месеци и се зголеми за повеќе од 5%. Индустриското производство се зголеми, достигнувајќи 1,3 трилиони долари до ноември.
Инвестициите во основен капитал за 9 месеци изнесуваат 267,4 милијарди долари, што е за 5,3% повеќе од лани.
Бројот на невработени регистрирани во службите за вработување на крајот на октомври е на 19,6% помалку од предходната година. Просечната месечна плата е зголемена во сите држави на ЕАЕУ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Приведени четворица мажи по масовна тепачка…
Од МВР информираат дека се приведени четири…
Семејство од Белград тешко повредено во сообраќајка…
Семејство од Белград, Србија, е повредено во…
Уапсен гевгеличанец, еве што најдоа полициските службеници
Ноќеска (16.08.2026) во 00:50 часот, на брана…
Вирусот на западнонилска треска се шири во…
Првите три случаи на западнонилска треска оваа…
Шокантна изјава на Бен-Гвир: „Убивајте по 30…
Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир…