Руската новинарка Овсјаникова осудена на 8,5 години затвор
Руската новинарка Марина Овсјаникова, која на државната телевизија се спротистави на офанзивата врз Украина на државната телевизија, денеска е осудена во отсуство на осум и пол години затвор поради критикување на армијата.
Новинарката која побегна од Русија пред една година обвинета е за „ширење лажни информации“ за руските вооружени сили, а веќе беше осуден на парична казна во август 2022 година за слични дела.
Според руската агенција Риа Новости, таа овој пат е осудена затоа што демонстрирала со плакат против руската офанзива во Украина.
Овсијаникова стана глобално позната кога во март минатата година упадна за време на директен пренос на информативната програма Време, држејќи натпис зад водителката на кој пишуваше: „Стоп за војната. Не верувајте во пропагандата. Ве лажат“. Таа, исто така, скандираше „Стоп за војната“.
Во моментот на протестот таа беше продуцент на државната. Кон средината на јули минатата година, таа одржа протест во близина на Кремљ, каде го носеше транспарентот „Путин е убиец. Неговите војници се фашисти“, по што беше ставена во домашен притвор. Таа набрзо побегна од Русија со својата ќерка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДРАМА НА АЕРОДРОМОТ ВО БЕЛГРАД: Oбвинител го…
Вистинска драма се одвивала доцна вечерта на…
Ајзенкот: Нетанјаху мора да биде сменет по…
Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за…
ЕФА алармира за ескалација на заплашувањето и…
Работната група за јазични и малцински права…
Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство…
Оливер Миланов си поднесе оставка од директорската…
Поранешната портпаролка на Зеленски e осомничена за…
Службата за безбедност на Украина (СБУ) и…