Објавено на:

Рускиот блогер Стрелков од притвор ќе му биде противкандидат на Путин на претседателските избори?

t

Игор Гиркин, провоениот руски блогер што се претставува под псевдонимот Стрелков, најави дека би му се спротивставил на претседателот Владимир Путин на изборите во март в година.

Стрелков, кој на својот блог жестоко ја критикува воената стратегија на руските сили во Украина, одигра улога при анектирањето на Крим во 2014 година, но сега е обвинет за екстремизам и во притвор го чека судењето.

– Разбирам префектно дека при актуелната ситуација во Русија учеството на претседателски избори е како да седиш на крајот на масата и да си играш со хартиени авиончиња. Но обидот да ги обединам патриотските сили може да ги попречи плановите на Кремљ за изборите, на кои победникот веќе е познат – напишал Гиркин во писмо до своите симпатизери.

Тој побарал од нив да направат база за неговата кампања и уште сега да почнат да собираат потписи за кандидатурата.

Поранешниот разузнавачки полковник во Федералната служба за безбедност беше меѓу осудените во отсуство пред суд во Холандија во врска со соборувањето на патничкиот авион на „Малезија ерлајнс“ во Украина. Загинаа сите 298 патници и членови на екипажот.

По јавните критики на стратегијата во Украина, тој беше притворен во јули годинава поради екстремизам, за дела за кои може да добие и пет години затвор. Тој, теоретски, сепак може да учествува на изборите ако не биде осуден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп ја зазема страната на Русија против…

Пензионираниот американски генерал-потполковник Бен Хоџис го обвини…

Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…

Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…

Трамп ги замрзна санкциите кон Русија

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го стопираше…

Украина нападна руска радарска станица вредна околу…

Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…

Руските власти го уапсија главниот уредник на…

Уредникот на рускиот независен медиум „Новаја Газета“,…