Рускиот митрополит Антониј утре во посета на Македонија: Ќе има средби со г.г Стефан?

t

Рускиот митрополит  Антониј, директор на Одделот за меѓународни односи на Руската православна црква и викар на патријархот Кирил, утре ќе ја посети МПЦ-ОА. Како што објавија некои македонски и бугарски медиуми, миторполитот Антониј ќе има средба со поглаварот на МПЦ-ОА г.г Стефан.

Посетата на рускиот владика на Скопје за Сител ја потврдил митрополитот Дебарско-кичевски, Тимотеј.

Од кабинетот на архиепископот Стефан досега нема официјална информација за доаѓањето на митрополитот Антониј. Нема најава и на сајтот на РПЦ, ниту, пак, за тоа што е целта на посетата.

Бугарски „Фактор.бг“, повикувајќи се на црковни извори, посочува дека митрополитот Антониј доаѓа во Скопје да ги убедува македонските владици да не преговараат со Вселенската патријаршија и да бидат на линија со РПЦ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Документи)Македонската Православна Црква ќе се преименува, не…

Бидејќи се поделивме по сите основи, без…

Митрополит пловдивски Николај: Македонската црква треба да…

Според древното канонско правило, Македонската православа црква…

Божиќно пocлание на г.г. Стефан: Да подариме…

Божјата љубов кон нас се покажа во…