Објавено на:

Рускиот претставник во ОН: Побијте ги био-лабараториите, ние изнесовме факти

t

Руската специјална операција во Украина ќе открие уште повеќе грди факти, како оние за американската воено-биолошка активност на постсоветскиот простор, изјави денеска постојаниот претставник на Русија во Обединетите нации, Василиј Небензја.

– Западот совршено добро разбира дека, како што продолжуваат борбите и се намалува потенцијалот на украинската армија, позициите на властите во Киев ќе ослабат, но тие сакаат да ги задржат тие позиции по секоја цена. Второ, тие совршено добро разбираат дека откако ќе се постигнат целите на специјалната воена операција, на површина ќе излезат многу грди факти, кои досега се чуваа во тајност, не само за воено-биолошките активности, туку и за многу други работи, истакна Небензја во интервју за телевизијата Росија-1, објави ТАСС.

Според рускиот дипломат, смешно е да се прават обиди за негирање на американската воено-биолошка активност во Украина, велејќи дека Обединетите нации не го потврдуваат тоа.

– Тоа е смешно бидејќи воено-биолошкиот развој е априори тајна. Оние кои се занимаваат со такви активности никогаш не поднесуваат извештаи никому, вклучително и САД, објасни рускиот претставник во ОН.
Тој ги повика западните земји и Украина да престанат неосновано да ја обвинуваат Москва за пропаганда.

Според него, доколку тврдат дека информациите на Русија се неточни, треба да дадат докази за своите тврдења.

– Ако можете да го побиете она што го изнесовме, направете го тоа. Но, престанете да не обвинувате дека неосновано се занимаваме со пропаганда, затоа што презентиравме конкретни факти, нагласи Небензја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОГРОМЕН УСПЕХ ЗА МАКЕДОНСКИОТ СПОРТ: Во преполната…

Македонскиот кикбоксер Бобан Илиоски вечерва славеше со…

Буркина Фасо ги забрани радио станиците Би-Би-Си…

Буркина Фасо ја забрани работата радио станиците…

Петровска: ВМРО-ДПМНЕ го замениле името Македонија во…

Вечерва во ТВ соочување во емисијата само…

Пендаровски во Крушево: Не ни помислувам да…

Кандидатот на СДСМ за претседател на Македонија,…

Се јави Бучковски: ЗНАМ на Максим Димитриевски…

И на изборите во 2006 година имаше…