Руските сили го бомбардираа пристаништето во областа Миколаев: Неизвесна е испораката на украинското жито
Руските сили ја нападнаа пристанишната инфраструктура во регионот на Миколаев во јужна Украина, изјави денеска градоначалникот Олександр Сенкевич.
Извршен е голем ракетен напад врз јужниот дел на Украина од правец на Црното Море, со употреба на авијација – изјави Сенкевич за украинската државна телевизија, без да даде детали за последиците од нападот.
Минатата сабота, Русија нападна уште едно јужно украинско пристаниште – Одеса, само еден ден откако беше постигнат договор за испорака на жито со Обединетите нации, Турција и Украина.
Договорот за жито има за цел да овозможи безбеден премин за испораките на жито до и од украинските пристаништа, кои Русија ги блокираше на 24 февруари.
Русија ја обвини Украина за запирање на испораките со минирање на пристанишните води.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за…
Денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“…
Измамници испраќаат лажни пораки за паркинг во…
Закани за високи парични казни и суспензија…
Почина Миќо Стојановски, претседател на СРСВМ
ИН МЕМОРИАМ Со длабока тага ја примивме…
Хрватска го засилува притисокот врз Црна Гора…
Хрватска го засилува дипломатскиот притисок врз Црна…
ЛДП: Владата да гарантира дека нема да…
Бараме безусловна гаранција од Владата дека нема…