Руските сили со дронови ја нападнаа Одеса

t

Русија повторно ја нападна областа Одеса во јужна Украина со 19 беспилотни летала и 14 проектили, соопштија денеска украинските власти додавајќи дека едно лице е повредено, а пристанишната инфраструктура е оштетена.

Москва „го нападна регионот Одеса со дронови и два вида проектили“, информира гувернерот Олег Кипер на Телеграм, наведувајќи неколку напади, вклучително и напад врз пристанишната инфраструктура. „Еден цивил е повреден од експлозија“, додаде тој, прецизирајќи дека лицето е префрлено во болница.

Според украинската армија, Русија во нападот користела 19 дронови Шахед од иранско производство, две суперсонични ракети Оникс и 12 ракети Калибр. Активирана е и подморница, според истиот извор. Сите дронови и 11 проектили Калибр биле соборени од противвоздушната одбрана, но градот претрпел „значителна“ штета. Во еден хотел избувнал пожар кој брзо бил изгаснат.

Во исто време, гувернерот на руската област Курск, Роман Старовоит, соопшти дека украински напад со дрон оштетил административна зграда и неколку приватни домови. Засега нема информации за обемот на нападот и информацијата не може да биде потврдена од независен извор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Црна Гора во пламен: Пожари беснеат во…

Пожари се активни во пет општини во…

Кисела Вода има прилив на првачиња и…

Кисела Вода е општина што има прилив…

Мицкоски: Ширењето паника за водата во Скопје…

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека ширењето информации…

Автобус со 84 српски туристи излетал од…

Автобус со 84 патници, сите државјани на…

Спречен нов масовен обид за илегален влез…

Мароканската полиција уапси најмалку 111 лица кои…