РУСКИ ГЕНЕРАЛИ БИЛЕ НА СТРАНА НА ПРИГОЖИН: Заменик-командантот на руските сили во Украина го помагал организирањето на бунтот
Генералот Сергеј Суровикин, заменик-командантот на руските воени операции во Украина, знаел дека Евгениј Пригожин водачот на платениците од Вагнер планира бунт против военото раководство на Москва, објави Њујорк Тајмс.
„Њујорк тајмс“ се повикува на американски претставници запознати со американското разузнавање за бунтот на Пригожин и наведува дека официјалните лица „се обидувале да откријат дали генералот Сергеј Суровикин, поранешниот врховен руски командант во Украина, помогнал во планирањето на акциите на Пригожин минатиот викенд“.
Пригожин замина во егзил во Белорусија според договорот со кој заврши кусиот бунт на неговите борци од Вагнер во текот на викендот, додека претседателот Владимир Путин ги пофали неговите вооружени сили за избегнување граѓанска војна.
„Њујорк тајмс“ објави дека американските власти, исто така, рекле дека има знаци дека други руски генерали можеби го поддржувале Пригожин.
Суровикин во октомври беше ставен на чело на операциите во Украина, но во јануари рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу го назначи началникот на Генералштабот Валериј Герасимов да ја надгледува кампањата, а Суровикин стана негов заменик.
Пред да започне бунтот, Пригожин бил против Шојгу и Герасимов, обвинувајќи ги за неуспехот на кампањата и недостиг на армиска поддршка за борците на Вагнер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…