Руски медиуми: Спречен атентат врз Сергеј Шојгу во Москва
Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) објави дека пред неколку дена спречила обид за атентат врз висок руски функционер.
Станува збор за експлозија што требало да се изврши на гробот на неговите најблиски на московските гробишта со помош на видеокамера скриена во вазна со цвеќе.
Руските медиуми денеска објавија дека цел на нападот бил главниот советник за безбедност на рускиот претседател и поранешен министер за одбрана Сергеј Шојгу.
„Федералната служба за безбедност спречи терористички чин планиран од специјалните служби на Украина против еден од највисоките функционери на руската држава кога тој го посетил гробното место на блиски роднини на гробиштата Троекуровски“, објави ФСБ, без да го именува службеното лице. Вкупно се уапсени три лица, руски брачен пар и мигрант од Централна Азија.
Според ФСБ, украинските безбедносни служби регрутирале нелегален мигрант од Централна Азија, двајца претходно осудени руски наркомани приведени во Москва и Шамсо Џалолидин Курбанович, роден во 1979 година и жител на Киев, кој е баран во Русија за убиство и нелегална трговија со оружје.
ФСБ соопшти дека комуникациските уреди запленети од осомничениот содржеле преписка со украински офицер на специјалните служби преку ВацАп и Сигнал. ФСБ, исто така, извести за откривање на камера за надзор во вазна за цвеќе, опремена со далечински управувач, која требало да се користи во нападот.
„Според информациите од ФСБ, украинскиот режим, дејствувајќи под водство на западните специјални служби, подготвува слични злосторства во други руски региони“, забележаа руските медиуми.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: Путин сака договор за завршување на…
Американскиот претседател, Доналд Трамп, вечерва изјави дека…
Директорот на ЦИА презема поголема улога во…
Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА)…
Зеленски го осудува недостатокот на меѓународен одговор…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска оцени дека…
Украински разузнавачи: „Руските ресурси за војна може…
Руските ресурси за војна може да ѝ…
Финска заврши со поставување ограда на границата…
Финска, членка на НАТО, заврши со поставување…