Објавено на:

“Руски огномет” за нова година: Низа експлозии во Украина

t

Повеќе експлозии го потресоа денеска Киев и други делови на Украина, при што загина најмалку едно лице, а 14 други се ранети, што е знак дека темпото на руските напади се зголемува пред Нова година, јави БТА.

Украинските власти рекоа дека Русија веќе намерно напаѓа цивили, настојувајќи да создаде атмосфера на страв, така што новата 2023 година ќе биде мрачна и крвава.

Првата дама на Украина Олена Зеленска изрази огорченост што ваквите масовни ракетни напади може да се случат непосредно пред новогодишната ноќ. „Уништувањето на животите на другите е одвратна навика на нашите соседи“, рече таа.

Експлозиите, исто така, дојдоа со невообичаено забрзано темпо што ги вознемири властите само 36 часа откако Русија истрела низа проектили за да ја оштети енергетската инфраструктура во четвртокот.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба ги истакна тешките цивилни жртви од последната офанзива и рече дека „овој пат масовниот ракетен напад на Русија намерно цели на станбени области, дури ни енергетска инфраструктура“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Калас: Украинските напади врз руските рафинерии се…

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна…

Русија нападна брод под либериско знаме во…

Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…

Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска најави…

Русија ги повика странците и дипломатите да…

Русија денес објави дека ќе продолжи да…

Млада лаборантка почина од чума во Русија,…

Жена почина од белодробна чума во регионот…