Русковска за разрешувањето: Очекував ваква одлука од Советот, нема да се жалам, ќе одам во пензија

t

Денешната одлука на Советот на јавни обвинители за моето разрешување беше очекувана, вели Русковска за „360 степени“.

Русковска денеска на седница едногласно беше разрешена од функцијата јавен обвинител поради претресот во Управата за финансиска полиција лани летото.

„Очекував ваква разрешница уште кога Дисциплинската комисија не го прифати како сведок професорот (Гордан) Калајџиев и очекував ваква одлука од Советот на јавните обвинители“, вели таа.

Таа посочи оти е „разочарана што доста од предметите кои биле почнати додека таа беше шеф на тоа Обвинителство (за гонење на организиран криминал и корупција) сè уште се неразрешени, без да посочи на кои предмети конкретно мисли.

Русковска вели дека нема да поднесе жалба на одлуката на Советот на јавни обвинители и дека планира да поднесе документи за пензија.

Инаку, Русковска уште минатата година ги исполни условите за пензија, но го одложи заминувањето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иран и Русија планираат изградба на гасовод…

Иран планира во соработка со Русија да…

Испораките на руски гас за Турција речиси…

Испораките на руски гас за Турција преку…

Во изминатото деноноќие 11 пријави за семејно…

Во изминатото деноноќие, на територија на целата…

Хоџа: Инвестициите во еколошки технологии носат почист…

Напредокот на терен е очигледен, а зелениот…