Руското летало ЛУНА-25 влезе во орбитата на Месечината: Се бара вода на јужниот пол

t

Руското летало “ЛУНА-25” денеска влезе во орбитата на Месечината, што е голем чекор за земјата која има за цел да биде првата што ќе слета на јужниот пол на Месечината во потрага по замрзната вода.

Руската вселенска компанија „Роскосмос“ објави дека сондата „Луна-25“ влегла во орбитата на Месечината во 11 часот и 57 минути по локално време и дека пет дена ќе кружи околу единствениот природен сателит на Земјата, објави „Ројтерс“.

Според извештаите, слетувањето на јужниот пол на Месечината е планирано за 21 август. Луна-25, кој е со големина на мал автомобил, има за цел да работи една година на јужниот пол на Месечината. Таму, научниците од НАСА и други вселенски агенции открија траги од замрзната вода во кратерите во последните години. Индискиот вселенски брод Чандрајаан-3 неодамна влезе во орбитата на Месечината, еден месец пред планираното слетување на јужниот пол на земјиниот сателит, пренесува Танјуг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украински напад врз една од најголемите руски…

Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…

Иран и Русија планираат изградба на гасовод…

Иран планира во соработка со Русија да…

Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…

Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…

Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…

Кина потврди дека се водат разговори за…

Трамп: Русија и Украина за првпат се…

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…