Објавено на:

Руското разузнавање: Америка планира сајбер-напад пред изборите во Русија

t

Руската служба за надворешно разузнавање денеска предупреди дека Соединетите Американски Држави планираат сајбер-напад врз далечинскиот електронски систем за гласање со цел да го отежнат пребројувањето на гласовите на претседателските избори во Русија, пренесува „РИА новости“.

Во извештајот на СВР се наведува и дека администрацијата на Џозеф Бајден им поставува задача на американските невладини организации да го намалат одѕивот на тие избори со тоа што ги повикува граѓаните да не гласаат.

Изборите ќе се одржат на 15 и 17 март, а покрај актуелниот претседател Владимир Путин, се кандидираа и лидерот на Комунистичката партија, Николај Каритонов, лидерот на Новата народна партија, Владислав Даванков, и лидерот на Либерално-демократската партија, Леонид Слуцки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Документи) Кој ја направи саботажата во РЕК…

Плаќаат 150 МИЛИОНИ денари за технолошко чистење…

Војници повредени при гаснење пожар во тетовската…

Двајца припадници на Армијата се повредни по…

Трамп му се потсмева на Путин: Реши…

Американскиот претседател Доналд Трамп се чини дека…

Лефков: 2 милиони денари за споменик за…

Пратеникот Миле Лефков објави дека се одобрени…

Иран истрела 400 балистички ракети, но околу…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека…