Руте ги прозва Европејците: Чекате Америка да ви го исчисти дворот
„Зошто сите повторно се свртуваат кон САД поради хутите во Црвено Море? Бидејќи Европејците очигледно немаат доволно капацитет сами да го решат тоа. И тоа е европско соседство, а не американско“, кажа Руте. Тој верува дека НАТО мора да се развива во иднина за да можат Европејците самостојно да ја гарантираат сопствената безбедност. „Вие немате капацитет, чекате САД да ви го исчистат дворот“, обвини тој.
Изјавата на Руте е продолжение на тековната дискусија во рамките на Северноатлантската алијанса за споделување на воениот товар и потребата европските членки да преземат поголема одговорност за стабилноста во нивното опкружување.
Претседателот на САД Доналд Трамп со години ги критикува европските сојузници за недоволно инвестирање во одбраната. Сепак, во својот говор на Генералното собрание на ОН вчера, тој го пофали напредокот на сојузниците и истакна дека тие ги зголемуваат средствата за воените буџети.
„НАТО постигнува работи за кои никој не веруваше дека се можни, вклучително и зголемување на целта за трошење од два на пет проценти од БДП. Ова ќе им обезбеди значително поголема заштита“, оцени Трамп.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…
Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…
САД и Иран се приближуваат до можен…
Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…
Кина потврди дека се водат разговори за…
Маж уапсен со оружје во близина на…
Американската Тајна служба уапси маж во близина…
Трамп: Русија и Украина за првпат се…
Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…