Руте: Земјите од Алијансата да се подготват за војна
Земјите на НАТО мора да го пренасочат своето размислување кон воено време и да ги зголемат трошоците за одбрана, изјави генералниот секретар на НАТО Марк Руте на состанокот на Воениот комитет на блокот на ниво на началници на Генералштабови во Брисел.
„За да спречиме војна, мора да се подготвиме за неа. Сега е време да го префрлиме нашето размислување кон воено време, а тоа значи дополнително зајакнување на нашата одбрана преку зголемени трошоци за одбрана и производство на одбрана“, рече тој, пренесе Политика.
За возврат, шефот на воениот комитет на Северноатлантската алијанса, адмирал Роб Бауер, истакна дека НАТО е загрижен за улогата што Кина ја игра во меѓународниот безбедносен систем.
Тој тврди дека Пекинг станал „главна страна што ги поддржува руските воени дејствија“. Бауер додаде дека земјите од НАТО мора да се обединат и „да бидат солидарни како никогаш досега“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија го повтори барањето НАТО да се…
Русија повторно бара НАТО да ги повлече…
НАТО го засили воздушното набљудување над Бугарија…
Авионите за рано радиолокациско откривање и контрола…
Зеленски: САД презентирале опција за повлекување на…
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека американските…
„Путин нè тестира и нè приближува до…
Претседателот на Литванија, Гитанас Науседа, смета дека…
Сиљановска Давкова на средба со командантот на…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во седиштето на Врховната…