Руте: Ние сме следната цел на Русија, немаме време

t

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес ги повика сојузниците да ги засилат одбранбените напори за да спречат војна што Русија би можела да ја започне, „војна каква што доживеале нашите дедовци и прадедовци“.

Зборувајќи во Берлин, Руте нагласи дека премногу членови на воениот сојуз не ја чувствуваат итноста на руската закана во Европа и мора брзо да ги зголемат трошоците и производството за одбрана за да спречат конфликт од размерите на минатите векови.

„Ние сме следната цел на Русија. Се плашам дека многумина се премногу самозадоволни. Не ја чувствуваат итноста. И премногу веруваат дека времето е на наша страна. Не е. Времето за дејствување е сега“, рече Руте. Тој додаде дека „конфликтот е пред нашата врата. Русија ја врати војната во Европа. И ние мора да бидеме подготвени“.

Руте предупреди дека Русија би можела да биде подготвена да употреби воена сила против НАТО во рок од пет години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија се закани со нуклеарен одговор во…

Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди…

Руте ги прозва Европејците: Чекате Америка да…

„Зошто сите повторно се свртуваат кон САД…

Европските разузнавачки служби предупредуваат: Русија би можела…

Европски разузнавачки раководители предупредуваат дека Русија би…

Адмирал на НАТО: Силите на Алијансата се…

Силите на НАТО се подготвени за потенцијален…

Мицкоски од САД: Ги исполнуваме обврските од…

Ние испорачуваме и го правиме тоа што…