Објавено на:

Руте: Путин мора да знае дека нуклеарната војна никогаш не може да се добие

t

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека рускиот лидер Владимир Путин треба да запомни дека нуклеарна војна никогаш не смее да се започне бидејќи не може да се добие.

 Путин мора да знае дека нуклеарна војна никогаш не може да се добие и никогаш не смее да се води – рече Руте и ја нагласи важноста на нуклеарните капацитети на НАТО.

„Нуклеарното средство за одвраќање на НАТО е крајната гаранција за нашата безбедност. Важно е нашето нуклеарно средство за одвраќање да остане веродостојно, безбедно, сигурно и ефикасно“, истакна тој.

Руте, исто така, изрази мислење дека земјите од НАТО треба поотворено да разговараат со јавноста за нуклеарното одвраќање, за луѓето да разберат како тоа обезбедува колективна безбедност.

„Кога Русија користи опасна и неодговорна нуклеарна реторика, нашето население мора да знае дека нема потреба од паника, бидејќи НАТО има силно нуклеарно одвраќање, за зачувување на мирот, спречување на принуда и одвраќање од агресија“, објасни Руте во интервју за неделното издание на „Ди Велт“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руте: Сојузниците на Украина немаат избор освен…

Сојузниците на Украина немаат друг избор освен…

Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…

Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…

Фон дер Лајен и Руте ќе разговараат…

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер…

Подигната готовноста на Мисијата на НАТО за…

Авионите на Мисијата на НАТО за заштита…

Извештаи: Шефот на ЦИА во Москва ја…

Директорот на ЦИА, Џон Ретклиф, ја предупредил…