Објавено на:

Руте: Самитот на НАТО во 2026 година ќе се одржи на 7 и 8 јули во Анкара, Турција

t

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес објави дека Самитот на Алијансата во 2026 година ќе се одржи на 7 и 8 јули во Претседателскиот комплекс Бештепе во Анкара, Турција, соопшти НАТО.

„Би сакал да ѝ се заблагодарам на Турција за домаќинството на овој важен состанок. Турција е силен сојузник на НАТО повеќе од 70 години и даде непроценлив придонес за нашата заедничка безбедност“, рече Руте.

Според него, на претстојниот самит, лидерите ќе продолжат да го зајакнуваат НАТО, правејќи го посилен, пофер и поефикасен сојуз, подготвен да одговори на клучните безбедносни предизвици.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Путин нè тестира и нè приближува до…

Претседателот на Литванија, Гитанас Науседа, смета дека…

Сиљановска Давкова на средба со командантот на…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во седиштето на Врховната…

„Фајненшл тајмс“: НАТО ќе му дозволи на…

НАТО ќе ѝ дозволи на Украина да…

Венс: Украина не треба да биде членка…

Украина не треба да биде членка на…

Романскиот претседател повика на посилен надзор на…

Романскиот претседател Никушор Дан изјави дека Црното…