Објавено на:

Руте: Украина треба да ја донесеме во најдобра можна позиција за преговори за крај на војната

t

Целта на денешниот состанок е да потврдиме дека сите земји што учествуваат на него се единствени во воената поддршка на Украина, порача генералниот секретар на НАТО, Марк Руте при пристигнувањето на средбата на Контакт групата за одбрана на Украина на министерско ниво, што денеска се одржува во американската воздухопловна база „Рамштајн“ во Германија.

– Мораме да се увериме дека Украина го има се она што е потребно, во смисла на обука, во смисла на опрема, за да ја продолжи борбата и за да надвладее во оваа борба што започна на 22 февруари (2023 година) со неиспровоцираниот масовен напад на Русија врз Украина, рече Руте.

Според него, тука не станува збор само за Украина, односно тоа што Русија се обидува „да ја зазема“ земјата, туку за глобален контекст.

– Тој глобалниот контекст е дека Украина треба да ја донесеме да биде во најдобра можна позиција да преговара кога еден ден би почнале разговори за да се реши овој конфликт, рече Руте.

Генералниот секретар на НАТО додаде и дека како резултат на глобалниот контекст, целиот свет, вклучително и Кина, Иран, Северна Кореја, а очигледно и Русија, со внимание следат што се случува тука и затоа учесниците на состанокот мора да се погрижат да изградат „најдобра можна позиција“.

Домаќини на средбата се американскиот секретар за одбрана Лојд Остин и началникот на Здружениот генералштаб на Вооружените сили на САД, генерал Чарлс Браун, а меѓу останатите на неа, покрај Руте, учествува и високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас.

Според најавата, состанокот ќе биде можност да се разговара и да се координира понатамошната воена поддршка на Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Детали) Ја нокаутирал, па ја влечел со…

Мајката на момчето кое што е осомничено…

Поранешен косовски министер уапсен во акција против…

Косовската полиција уапсила шест лица во Приштина…

Маск застана зад сменетиот шеф на „Енвидија“:…

Илон Маск се приклучи на сè погласните…

Невини биле: Бугарската ДАНС негира дека ја…

Агенцијата го оспорува потеклото на снимките и…

(Фото) Ја тепал во автомобил додека не…

Охридската полиција утрово привела 31-годишен маж по…