Објавено на:

Рјабков: Америка мора да направи компромис, Русија нема да отстапи

t

Не може да има отстапување од пристапот формулиран од Москва пред средбата со САД за безбедносните гаранции во Женева, изјави рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.

„Американската страна мора да се подготви за компромиси. „Руската страна дојде овде со јасна позиција, која содржи елементи, според мене, сосема разбирливи и толку јасно формулирани, вклучително и на највисоко ниво, што едноставно не може да има отстапување од нашите пристапи“, изјави Рјабков за рускиот Канал 1.

Претходно, Рјабков во интервју за Спутник рече дека Москва е подготвена да ја слушне позицијата на САД на претстојниот состанок во Женева, но конструктивен дијалог е можен само во поширок контекст на разгледување на одлуките на самитот во Будимпешта за иднината на Украина и Грузија во НАТО.

Претходната вечер во Женева се одржа првата средба на руската и американската делегација во формат на работна вечера. Сумирајќи ги резултатите од овие „прелиминарни“ преговори за безбедносните гаранции, Рјабков рече дека разговорот бил тежок, но деловен. Главниот дел од разговорите се во понеделник во затворен формат на територијата на постојаната мисија на САД во Канцеларијата на ОН во Женева.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Абу Даби почнуваат трилатералните разговори за…

Во Абу Даби денеска почнува нова рунда…

Украински напад врз една од најголемите руски…

Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…

Иран и Русија планираат изградба на гасовод…

Иран планира во соработка со Русија да…

Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…

Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…

Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…

Кина потврди дека се водат разговори за…