САД бара седница на Советот за бeзбедност поради неосновани претпоставки, обвинувa рускиот амбасадор во ОН
Амбасадорот на Норвешка во ОН, кој моментално претседава со Советот за безбедност, изјави дека седницата за ситуацијата во Украина, на барање на САД, е планирана за понеделник, 31 јануари, во 16 часот по средноевропско време. Реагираше и руската мисија во ОН, која нагласи дека се работи за американски трик.
„Седницата ќе се одржи на барање на Америка“, изјави за новинарите норвешката амбасадорка Мона Јул.
Претходно постојаниот претставник на САД во светската организација Линда Томас-Гринфилд изјави дека Вашингтон сака да разговара за наводното заканувачки однесување на Русија кон Украина и зајакнувањето на руското воено присуство на границата со Украина пред Советот за безбедност на ОН во понеделник.
По тој повод говореше и заменик рускиот амбасадор Дмитриј Полјански, кој рече дека се надева оти членовите на Советот за безбедност нема да го поддржат овој очигледен ПР трик кој лошо влијае на угледот на ова тело.
„Не можам да се сетам дека некогаш било случај членка на Советот за безбедност да предложи да се разговара за сопствените неосновани обвинувања и претпоставки како закана за меѓународниот поредок од некој друг“, напиша Пољански на Твитер.
Во последните месеци западните земји ја обвинија Русија дека планира инвазија на Украина, бидејќи акумулирала сили долж границата со таа земја. Русија безброј пати решително ги отфрли овие обвинувања, нагласувајќи дека тоа се неосновани тврдења кои се користат како повод за натамошно приближување меѓу НАТО и границите на Русија.
Во меѓувреме, Русија побара безбедносни гаранции, вклучително и едно од клучните барања Алијансата да престане да се шири кон исток, преговорите со САД, НАТО и ОБСЕ, по што следеше одговор од Вашингтон и НАТО до Русија.
Како што изјави претседателот на Русија претходно денеска, нема одговор за клучните работи што ја засегаат Русија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија изгубила речиси милион и пол војници…
Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…
„Или сте со нас, или против нас“…
Откако САД најавија „економска војна“ против Иран,…
Пентагон: Над 750 американски војници ранети во…
Вкупно 757 американски војници се ранети од…
Америка крие тела на четири вида вонземјани,…
Научник, кој со децении работел со програмата…
Долгот на САД за првпат надмина 40…
Јавниот долг на САД за првпат ја…