САД благодарни на Косово за прифаќањето на депортирани мигранти, Трамп испрати писмо до Османи
Претседателката на Косово, Вјоса Османи, доби писмо од претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, во кое американскиот лидер ја поздравува одлуката на Косово да прими 50 мигранти депортирани од САД, пишува Газета Експрес.
Во писмото, Трамп истакнува дека овој потег покажува „силна подготвеност за соработка со Соединетите Држави“, нагласувајќи дека „ваквото лидерство ја отсликува силата и човечноста на народот на Косово“.
„САД и Косово делат длабока поврзаност, заснована врз заемна почит, демократски вредности и заедничка визија за мирна и просперитетна иднина“, напиша Трамп. Тој додаде дека е уверен оти заедничките цели ќе продолжат да се унапредуваат и во иднина.
Според соопштението од кабинетот на претседателката Османи, Трамп ѝ се заблагодарил „за нејзината посветеност и пријателство кон САД“ и го изразил својот интерес за продлабочување на соработката меѓу двете земји.
„Повторно ви благодарам за вашето храбро лидерство и што стоите како вистински пријател на Соединетите Држави. Очекувам соработка и во следните години“, се наведува во дел од писмото.
На крајот, Трамп испратил и поздрави до Османи од Првата дама на САД, Меланија Трамп.
Косово неодамна се согласи да прими 50 лица депортирани од САД, како дел од поширока програма за соработка во областа на миграцијата и безбедноста.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин се заканува дека ќе заплени европски…
Претседателот на Русија, Владимир Путин, денеска се…
Вонредна дезинсекција во Драчево: Денеска акција против…
Центарот за јавно здравје, во соработка со…
Авиокомпании организираа специјални летови за набљудување на…
Некои авантуристички патници ќе ги прескокнат толпите…
Казните на „Безбеден град“ наскоро ќе ги…
Ако возите со 80 километри на час…
Кремљ бара Ерменија да одржи референдум: „Или…
Москва ја покани Ерменија да одржи референдум…