Објавено на:

САД исклучија некои влади од „Самитот Америка“: Причината е недостатокот на демократија

t

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден донесе конечна одлука да ги исклучи владите на Куба, Венецуела и Никарагва од Самитот Америка, соопштија денеска функционери запознаени со прашањето.

-Британските медиуми пренесоа дека одлуката на САД уследи по неколкунеделните интензивни размислувања, и сега во опасност од  бојкот го доведува собирот во Лос Анџелес што се оддржува неделава, доколку мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор и некои други лидери решат да не се појават на него.

Американските власти утврдија дека загриженоста за човековите права и недостатокот на демократија во трите земји се причини за исклучување од самитот, изјави доцна синоќа извор од Вашингтон.

Исклучувањето на Венецуела и Никарагва, предводени од левичарските лидери, веќе беше означено во последните недели.

Кубанскиот претседател Мигел Дијаз Канел минатиот месец изјави дека нема да оди дури и доколку биде поканет, обвинувајќи ги САД за „брутален притисок“ самитот да биде неинклузивен.

На самитот се поканети кубански граѓански активисти.

Одлуката на САД прва ја пренесе агенцијата Блумберг, а Белата куќа не одговори на барањата за  коментар.

Контроверите околу списокот на гости ја фрли во втор план  целта на САД за искористување на Самитот за подобрување на односите со Латинска Америка.

На претседателот на Никарагва, Даниел Ортега, исто така му е забрането да присуствува на самитот, а доколку не се појави ни мексиканскиот претседател Лопез Обрадор, тоа би можело да ги покрене прашањата за изгледите за напредок во разговорите за ограничување на миграцијата на јужната американска граница, што е приоритет за претседателот Бајден, наведуваат британските медиуми.

Текстот е преземен од Опсервер

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…

Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…

Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…

Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…

САД им се заканија на Германија и…

Владата на САД ги предупреди Германија и…

Номинираниот амбасадор на САД во Бугарија: Во…

Номинираниот за нов амбасадор на Соединетите Американски…

Трамп најави планови за јужнокорејски инвестиции од…

Американскиот претседател Доналд Трамп во средата најави…