САД ги преминаа сите граници на пристојност
Соединетите Американски Држави, во обид да воспостават хегемонија, ги преминаа сите граници на пристојност, но Кина носи свои заклучоци, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
„Денес се може да се очекува од Соединетите Американски Држави. Во обид да ја воспостават својата хегемонија, тие веќе ги поминаа сите граници на пристојност: дипломатска, етичка и сите други“, рече Лавров во интервју за телевизијата „Русија 1“ коментирајќи ги изјавите на САД за недозволивоста на повикува на примирје за време на самитот на лидерите на Русија и Кина.
Според неговите зборови, овие изјави биле разговарани со кинеските колеги.
„Кинеската страна ја отсликува традицијата на голема цивилизација стара илјадници години. И кинеската страна разви свој стил низ годините. Тоа лежи во достоинството, се состои во длабока анализа на сето она што се случува за да не се преземат избрзани чекори. Но, кинеската страна, секако, носи заклучоци и тоа најдлабоките“, одговори Лавров на прашањето како кинеската страна гледа на американскиот притисок, пренесува Спутник.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хакери ја пробиле главната клауд-платформа на американското…
Хакери ја пробиле главната клауд-платформа на Военото…
Американски милијардер ја презема меѓународната империја на…
Конзорциум предводен од американскиот милијардер Тод Боли…
САД одобрија можна продажба на опрема за…
Пакетот што го побарала украинската влада опфаќа…
Маск го удвои ветувањето: Секое дете во…
Илон Маск, најбогатиот човек во светот, објави…
ЕУ предлага санкции за една банка и…
Европската комисија предложила воведување санкции за една…