Објавено на:

САД го истражува паѓањето на авионот на Пригожин

t

Американскиот претседател Џозеф Бајден објави дека американските власти се обидуваат прецизно да утврдат како авионот на Евгениј Пригожин, лидерот на руската паравоена група Вагнер, се урна во Русија.

Русија претходно го критикуваше Бајден дека покажа недостиг на изненадување од веста дека Пригожин загинал во авионска несреќа и предупреди дека не е соодветно Вашингтон да дава такви забелешки.

„Не знам што точно се случи, но не сум изненаден. Во Русија не се случува речиси ништо што не стои зад претседателот Путин, но јас не знам доволно за ова“, изјави Бајден претходно во разговор со новинарите, пренесе Ројтерс, пренесува Танјуг.

Авион „Ембраер“, кој летал од Москва за Санкт Петербург, се урна во средата вечерта во регионот Твер, а на списокот на патници се наоѓа и лидерот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин. Сите 10 луѓе во авионот загинаа.

Пригожин (62) го предводеше бунтот од 23 до 24 јуни против руското воено раководство за кое Путин рече дека може да ескалира во граѓанска војна, наведува британската агенција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД се подготвуваат за распоредување меѓународни сили…

Американските воени подготовки се во тек во…

Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…

Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…

САД и Иран се приближуваат до можен…

Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…

Кина потврди дека се водат разговори за…

Маж уапсен со оружје во близина на…

Американската Тајна служба уапси маж во близина…