САД го крена нивото на тревога заради мајмунските сипаници
Американскиот центар за контрола и превенција на болести го подигна нивото на тревога поради мајмунски сипаници и препорача носење маски за време на патување, но предупредува дека не се работи за исто ниво на загриженост како за Ковид-19.
Симптомите на мајмунски сипаници прво се слични на грипот, а потоа пациентите развиваат болен осип и лезии и отечени лимфни јазли.
Периодот на инкубација меѓу изложувањето и појавата на првите симптоми може да трае од пет до 21 ден, според Светската здравствена организација.
Случаи на мајмунски сипаници се пријавени на сите континенти освен на Антарктикот.
– Потврдени се некои случаи кај мажи кои имаат секс со мажи. Некои случаи се потврдени кај луѓе кои живеат во исто домаќинство со заразено лице, соопшти ЦДЦ.
Експертите велат дека голем број сексуално преносливи инфекции имаат слични симптоми и оти реалниот број на заразени со мајмунски сипаници може да биде поголем.
Според ЦДЦ, во САД досега се пријавени 31 случај на мајмунски сипаници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД се подготвуваат за распоредување меѓународни сили…
Американските воени подготовки се во тек во…
Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…
Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…
САД и Иран се приближуваат до можен…
Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…
Кина потврди дека се водат разговори за…
Маж уапсен со оружје во близина на…
Американската Тајна служба уапси маж во близина…