САД го поддржуваат Преспанскиот договор, тоа го очекуваме и од македонските власти!
Елизабет Ален, потсекретарка за јавна дипломатија и односи со јавноста на Стејт департментот, вели дека САД го поддржуваат Преспанскиот договор со Грција и беа разочарани што претседателката Гордана Силјановска-Давкова не го користеше уставното име Северна Македонија при инаугурацијата.
На прашањето на Сакам да Кажам што би се случило ако новата македонска влада реши да не го почитува Преспанскиот договор со Грција, Ален со одгоор:
„Се разбира, ние го поддржуваме Преспанскиот договор и бевме разочарани кога видовме дека претседателката не го користи целосното и формално име Северна Македонија. Ќе следиме да видиме што прави владата. Во постојан дијалог сме со владата која е во тек на формирање.
И затоа, тука не би прејудицирала никакви последици, но, секако, би се надевале и охрабруваме дека лидерите на Северна Македонија ќе се придржуваат до меѓународните договори“, рече Ален.
Со вчерашната посета на Македонија Ален ја заврши турнејата низ земјите на Западен Балкан, при што ги посети Босна и Херцеговина, Србија и Косово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД се подготвуваат за распоредување меѓународни сили…
Американските воени подготовки се во тек во…
Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…
Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…
САД и Иран се приближуваат до можен…
Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…
Кина потврди дека се водат разговори за…
Маж уапсен со оружје во близина на…
Американската Тајна служба уапси маж во близина…