Објавено на:

САД: Елиминирани 15 оперативци на ИД во Ирак

t

Централната команда на американската војска (ЦЕНТКОМ) соопшти дека нејзините сили, заедно со ирачките безбедносни сили, извршиле напад во западен Ирак во кој загинаа 15 оперативци на Исламската држава (ИД), а американски воен претставник изјави дека седуммина американски војници се повредени во нападот, пренесуваат американските медиуми.

ЦЕНТКОМ соопшти дека нема цивилни жртви во нападот извршен на 29 август.

Претставник на американската војска изјави за АП дека седум американски војници се повредени, од кои пет на операција, а двајца на пад, и дека сите се во стабилна состојба.

Најмалку пет американски војници беа повредени во напад претходно овој месец врз воена база на коалицијата во Ирак.

Во Ирак се стационирани 2.500 американски војници.

По воениот пораз на Исламската држава во Ирак кон крајот на 2017 година, американските сили останаа да помагаат да се спречи повторното оживување на терористичката група.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Амбасадорката на САД, Никол Варнс во посета…

Општина Делчево денеска беше домаќин на амбасадорката…

Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…

Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…

САД испратија аларм за опасност низ Блискиот…

Американските амбасади низ Блискиот Исток во понеделникот…

Маск најави акции од „Спејс-екс“ за секое…

„Спејс-Екс“ (SpaceX) на Илон Маск и технолошката…

Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…

Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…