САД, ЕУ и Канада бараат руските дијаманти да добијат статус “крвави”
САД, ЕУ и Канада бараат руските дијаманти да добијат статус на „крвави“ (така се нарекуваат нелегално ископуваните камења, со чија продажба се финансираат конфликти и немири низ светот), пишува Њујорк Тајмс.
Министерството за финансии на Русија ги нарече овие обиди да се доведе во прашање целосната усогласеност на Русија со системот за сертификација на „Процесот Кимберли“ (систем за борба против „крвавите дијаманти“) неразумни и шпекулативни.
Во соопштението на руското Министерство се наведува и дека плаќањето даноци и дивиденди од ископувањето дијаманти во Русија е основа за развој на заедницата во Јакутија, каде се ископуваат 90 отсто од дијамантите. Во последните 10 години, единствените средства од ископувањето дијаманти во Русија кои не беа потрошени за развој на Јакутија беа исплата на дивиденди на институционални акционери кои главно се од САД и ЕУ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија со пониска инфлација од просекот на…
Годишната инфлација во Европската Унија во септември…
ЕУ бара Канада и Велика Британија да…
Европската Унија се подготвува да ги убеди…
Провинцијата Алберта во Канада убедливо го отфрли…
Канадската провинција Алберта категорично го отфрли планот…
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…
Трамп ги замрзна санкциите кон Русија
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го стопираше…