САД инвестира огромни средства во борба со корупцијата во Македонија и очекуваме да видимe резултати – вели амбасадорката Брнз

t

Неказнивоста ја прави корупцијата начин на живот. Познавачите се загрижени што сите анкети покажуваат дека ова прашање е проблем број 1 за граѓаните. Предупредуваат дека војната во Украина ја издигна корупцијата како безбедносно прашање и апелираат САД и Европската унија серизоно да му помогнат на регионот за нејзино искоренување.

И амбсадорката на САД во земјава вели дека граѓаните секојдневно се соочуваат со кирупција, дури и кога имаат потреба од најобичен документ како извод од матична книга. Брнз потенцира дека САД инвестираат огромни средства во земјава за борба со корупцијата и очекуваат да видат конкретни резултати.

Анализите на антикорупциска пак покажуваат дека корупцијата во земјава најмногу доаѓа до израз при вработувања во јавната администарција.

Како позитивен исчекор во борбата со корупцијата се истакнува најавениот закон за потекло на имот кој ќе предвидува и конфискација на имотот кој е стекнат незаконско. Законското решение кое пред две години го иницираше антикорупциска, се уште е во фаза на подготовка.

Извор: Сител.тв

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Ги повикувам сите граѓани кои им…

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во интервју…

„Тешко е да се опише колку е…

Американскиот новинар Исак Саул, основач на почитуваниот…

Маѓар и официјално е премиер на Унгарија:…

Проевропскиот конзервативец Петер Маѓар, кој се појави…

Окружниот суд во Ерусалим го прифати барањето…

Окружниот суд во Ерусалим го одобри барањето…

Потврдено обвинението за корупција за падот на…

Вишиот суд во Белград денес објави дека…