Објавено на:

САД испратија опрема за борба против дронови во Данска за самитот на ЕУ

t

САД испратија опрема за борба против дронови во Данска за европските самити на 1 и 2 октомври, соопшти денеска данското Министерство за одбрана, приклучувајќи се на бројните европски земји кои понудија поддршка откако дронови беа забележани над земјата.

– Задоволни сме и благодарни што и САД ја поддржуваат Данска со капацитети за борба против дронови во контекст на претстојниот самит, објави Министерството на Х.

Последните извештаи за дронови над Данска доведоа до затворање на неколку аеродроми, меѓу кои и аеродромот во Копенхаген, најголемиот во северна Европа.

Дронови биле забележани и над дански воени објекти, но од 27 септември нема нови пријавени случаи.

Копенхаген е домаќин на два европски самити на кои утре и задутре ќе учествуваат повеќе од 40 шефови на влади.

За да се обезбеди безбедноста на собирите, Данска во неделата соопшти дека го затвора својот воздушен простор за сите цивилни дронови до петок.

Иако полицијата сè уште не ги идентификувала сторителите на упадите, данската премиерка Мете Фредериксен го насочи прстот кон Русија.

Во видео обраќање, Фредериксен изјави дека само „една земја претставува закана за безбедноста на Европа – а тоа е Русија“.

Стравувајќи од саботажа и хибридни напади, земјата денеска одлучи да го подигне нивото на безбедност за својата енергетска инфраструктура на портокалово, второ највисоко ниво.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дурловски повика Македонија да испрати дарувана крв…

Оперскиот пејач Игор Дурловски упати иницијатива Македонија…

(Видео) Емануел и Брижит ја пречекаа Сиљановска-Давкова…

На маргините на Парискиот мировен форум, претседателката…

Израелски медиуми: Трамп и Нетанјаху имале жестока…

Американскиот претседател, Доналд Трамп, и израелскиот премиер,…

Семејството Макрон поднесе нова тужба против жената…

Францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга,…

Нови детали за трагедијата во Бугарија: Запрен…

Запрен романски камион во возната лента можеби…