Објавено на:

САД и Британија се заканија: „Ќе нема каде да се скриете ако ја нападнете Украина“

t

Министерката за надворешни работи на Велика Британија, Лиз Трус изјави дека пријателите и поддржувачите на рускиот претседател Владимир Путин ќе бидат мета на британските санкции, доколку тие ја нападнат Украина, пишува Гардијан.

Од нејзиниот кабинет неколку пати изјавија дека ќе покренат санкции кон Русија и кон самиот Путин доколку тие ја нападнат Украина, но често повторуваа дека приоритет им е смирување на ситуацијата меѓу двете земји.

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден исто така ја поддржа иницијативата за воведување на санкции кон пријателите на Путин кои ќе учествуваат во нападот на Украина, пренесува Ројтерс.

„Сојузниците на Путин нема да можат да ги користат членовите на семејството за да ги избегнат санкциите. Санкциите ќе важат за сите кои ги прекршиле меѓународните финансиски системи, а тие и нивните семејства нема да можат да ги уживаат правата како вложување во западните банки или пак да студираат на западните универзитети“ соопштија од администрацијата на Бајден.

Трус пак, по денешното соопштение, одби да ги коментира имињата на Русите кои би можеле да бидат санкционирани, додавајќи дека со тоа му прават нов притисок на Путин.

Таа вели дека Русија ја чекаат „најстрогите санкции“ доколку ја нападне Украина.

Британскиот премиер Борис Џонсон се обиде да се стави во главна улога во решавањето на конфликтот меѓу двете земји, но тоа му пропадна во вода поради внатрешните проблеми во Британија и притисокот кој се зголемува врз него, па тој мораше да го одложи телефонскиот разговор со Путин.

Трус најави посета на Украина, откако таа испадна позитивна на ковид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија спаси две руски банки од санкциите…

Бугарија побара од Европската Унија да ги…

Русија тврди дека погодила товарен брод со…

Руското Министерство за одбрана соопшти дека неговите…

САД разгледуваат намалување на военото присуство во…

Намалувањето на американското воено присуство во Европа…

Русија го повтори барањето НАТО да се…

Русија повторно бара НАТО да ги повлече…

Зеленски: САД презентирале опција за повлекување на…

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека американските…