Објавено на:

САД и ЕУ имаат план доколку Русија ја освои Украина: Што планираат светските сили?

t

Вашингтон и Брисел разгледуваат различни сценарија бидејќи очекуваат руската војска во Украина да ги надомести „загубите“. Руската војска е „моќна и добро опремена“, се вели во написот во Вашингтон пост.


Според изданието, западните земји имаат план да ја поддржат Украина и претседателот , доколку Русија успее да го освои Киев. „Можното преземање на Киев од страна на Русија предизвика бран на планирање во Стејт департментот, Пентагон и други американски агенции во случај владата на Владимир Зеленски да биде принудена да ја напушти земјата.

Уште во декември 2021 година, некои американски официјални лица видоа знаци на појавен конфликт и покрај упорното негирање на заканите на претседателот Зеленски.

Изданието вели дека руската војска, која ја нападна Украина, во моментов се соочува со логистички проблеми, вклучувајќи недостиг на гориво и храна.

Москва „грубо ја потцени способноста на Украина да се спротивстави“, изјави висок функционер за публикацијата.

Рита Конаева, директорка за анализа во Центарот за безбедност и нови технологии на Универзитетот Џорџтаун, потсети дека штом руските војници ќе се обидат да влезат во градовите, Украинците ќе имаат предност бидејќи ја знаат областа. Тие можат да градат бариери, да уриваат мостови за да го ограничат влезот во градот и да поставуваат снајперисти на покривите. „Во урбана средина одбраната има предност“, рече таа.

Лидерите на НАТО, исто така, велат дека дури и ако руската армија успее да влезе во Киев, тоа нема да стави крај ниту на отпорот, ниту на постоењето на украинската држава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Канада воведува нови царини за американските производи

Канада од 8 септември ќе воведе царини…

Американски воен транспортен авион слета во Москва,…

Американски воен транспортен авион утрово слетал на…

ЕУ испраќа претставници во Кина за да…

Група претставници на ЕУ во наредните денови…

Украина ќе добие над 6 милијарди евра…

Европската комисија денес соопшти дека Украина ќе…

Иран со закана за земјите кои ќе…

Иран се закани со одмазда против секоја…