Објавено на:

САД и Иран ќе ги продолжат разговорите во Пакистан: Ако се одвиваат без проблеми, ќе има средба Трамп-Пезешкијан

t

Иранска делегација ќе пристигне во Пакистан во вторник на разговори со САД, тврдат ирански извори запознаени со преговорите.

Според нив, се очекува составот да биде ист како и во претходната рунда, во која учествуваа министерот за надворешни работи Абас Арагчи и претседателот на парламентот Мохамад Багер Галибаф.

Иранската страна очекува во среда да биде објавено симболично заедничко соопштение за продолжување на примирјето.

Доколку разговорите се одвиваат без проблеми и американскиот претседател Доналд Трамп се согласи да отпатува во Исламабад, се очекува и иранскиот претседател Масуд Пезешкијан да пристигне, по што би се одржала „заедничка средба на претседатели“, на која би се потпишала заедничка „Исламабадска декларација“, додаваат изворите.

Сè уште нема официјална потврда од Техеран дека иранските преговарачи ќе отпатуваат во Исламабад, откако Трамп најави дека испраќа делегација.

Разговорите на високо ниво минатиот викенд завршија без договор.

Од друга страна, како што јавува Си-Ен-Ен, потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс ќе присуствува на следната рунда разговори во Пакистан заедно со специјалниот пратеник Стив Виткоф и зетот на претседателот Трамп, Џаред Кушнер, соопшти Белата куќа.

Ова доаѓа и покрај тоа што претседателот Доналд Трамп претходно негираше дека потпретседателот ќе присуствува, наведувајќи безбедносни причини. Неговите изјави создадоа конфузија околу тоа кои американски претставници ќе бидат присутни на разговорите во Исламабад, при што тој изјави дека негови „претставници“ ќе бидат таму веќе следната вечер.

Според извори на Си-Ен-Ен запознаени со протоколите, Тајната служба не дозволува потпретседателот и претседателот да се наоѓаат на исто место во исто време, не само поради безбедносните ризици поврзани со патувањето во регионот во услови на тековната војна, туку и во рамки на домашните патувања.

Доколку Трамп на крајот одлучи да отпатува во Пакистан во случај на финален договор, веројатно Венс ќе треба претходно да се врати во САД.

Новата рунда преговори доаѓа повеќе од една недела откако Венс, заедно со Виткоф и Кушнер, учествуваше во првата рунда разговори во Пакистан, кои завршија без договор за ставање крај на конфликтот.

Во однос на спротивставените информации за составот на американската делегација, претставник на Белата куќа за Си-Ен-Ен изјави: „Работите се променија.“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД и Иран ќе ги продолжат разговорите…

Иранска делегација ќе пристигне во Пакистан во…

Трамп се заканува дека ќе ги уништи…

Откако за „Фокс њуз“ изјави дека разговорите…

Трамп: Израел е „голем сојузник“ на САД,…

Израел се докажа како „ОДЛИЧЕН сојузник“ на…

Иран ќе им даде приоритет за премин…

Иран ќе им даде приоритет за премин…

Трамп на состанок со високите советници за…

Американскиот претседател Доналд Трамп во моментов се…