САД нападна танкер во Ормускиот теснец, судирите со Иран дополнително се заоструваат
Со напад врз нафтен танкер во Ормускиот теснец, Соединетите Американски Држави дополнително ја заострија кризата со Иран, додека во исто време пристигнуваат информации за нови воздушни напади врз Техеран. Според британскиот весник „Гардијан“, американската војска потврдила дека со проектили „Хелфаер“ онеспособила празен танкер, откако екипажот не реагирал на повеќекратните предупредувања.
Нападот се случил на петтиот последователен ден од воените операции. Во текот на средата, американските сили гаѓале крајбрежни одбранбени позиции и ракетни системи, само неколку часа по нападите врз складишта и лансирни позиции за крстосувачки ракети на иранскиот остров Голем Тунб.
Во меѓувреме, иранските државни медиуми јавија за напади врз Техеран, каде што во раните утрински часови била активирана противвоздушната одбрана. Иран возвратил со напади врз Бахреин и Кувајт, но засега нема информации за евентуални жртви или материјална штета. Според иранските власти, во американските напади во изминатите денови загинале повеќе од 35 лица, а над 300 се повредени.
Централната команда на американската војска соопшти дека последните операции биле насочени кон ирански воени капацитети што, според Вашингтон, се користат за загрозување на бродовите кои пловат низ Ормускиот теснец – една од најважните светски поморски рути за трговија со енергенси.
Тензиите нагло се зголемија откако Техеран во саботата објави затворање на Ормускиот теснец, преку кој пред почетокот на конфликтот се транспортираше околу една петтина од светската нафта и природен гас.
Во средата САД повторно воведоа поморска блокада кон Иран, на што Корпусот на чуварите на Исламската револуција се закани со прекин на целиот извоз на енергенси од Блискиот Исток, порачувајќи дека регионалниот извоз на енергија „или ќе биде достапен за сите, или за никого“.
Иранските медиуми известија и за напади врз четири локации во близина на Ахваз, како и врз Бандар Абас – главното пристаниште на Ормускиот теснец, како и врз подрачјата во близина на Сирик и островот Кешм.
Поради ескалацијата продолжи растот на цените на нафтата. Цената на суровата нафта „Брент“ во средата надмина 85 долари за барел, што е повеќе од 15 проценти над нивото пред почетокот на конфликтот.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран наскоро ќе биде поразен и повтори дека Техеран сака да постигне договор со Вашингтон. Тој исто така навести можност за проширување на американските напади со цел повторно отворање на Ормускиот теснец, вклучително и потенцијален напад врз силно утврден подземен објект поврзан со иранската нуклеарна програма.
Воедно, последната ескалација го доведува во прашање неодамна потпишаниот меморандум за разбирање меѓу САД и Иран, кој требаше да придонесе за запирање на конфликтот и продолжување на разговорите за нуклеарната програма. Главниот ирански преговарач Мохамад Багер Галибаф порача дека договорот има смисла само доколку неговите одредби се почитуваат и се спроведуваат.
И покрај растечките тензии, Трамп соопшти дека Иран ѝ дозволил да ја напушти земјата американската државјанка Дена Карари, која од крајот на 2024 година не можела да замине од Иран. Американскиот претседател овој потег го оцени како гест на добра волја, а нејзиниот адвокат за човекови права потврди дека таа е безбедна и се враќа во Соединетите Американски Држави.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД нападна танкер во Ормускиот теснец, судирите…
Со напад врз нафтен танкер во Ормускиот…
(Видео) Се урна судска зграда во Италија,…
Лесно е повредена една вработена во фирма…
Во Форино уапсени двајца гостиварци, имале дрога…
Од МВР информираат дека се уапсени двајца…
На Деве Баир спречен обид за шверц…
Мобилен тим од Одделението за оперативни работи…
Ангелов за летните пожари: Оваа сезона сме…
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување,…