Објавено на:

САД не поддржува никакви промени на мостот во Митровица

t

Американскиот Стејт департмент соопшти дека не поддржува никакви промени на сегашниот статус на мостот во Митровица, предупредувајќи го косовскиот премиер Албин Курти да не продолжи со еднострани дејствија, пишува Павловиќ Тудеј.


„САД во овој момент не поддржуваат никакви потези за промена на сегашниот статус на мостот во Митровица. Отворањето на мостот за сообраќај на возила во моментов го зголемува потенцијалот за насилство и го загрозува локалното население, како и војниците на КФОР, вклучително и Американците, кои работи за поддршка на мирот и безбедноста на Косово“, изјави портпаролот на Стејт департментот во одговор на порталот Павловиќ тудеј.

Тој ја повика Владата на Косово да се воздржи од еднострани дејствија и наместо тоа да се занимава со ова прашање во рамките на дијалогот со поддршка на ЕУ.

„Ја повикуваме Владата на Косово да не ја презема оваа некоординирана и еднострана акција и да разговара за ова прашање во рамките на Дијалогот со поддршка на ЕУ“, рече портпаролот.

Стејт департментот нагласи дека оваа позиција е во согласност со позицијата на партнерите од Квинта, како и ЕУ и НАТО.

Целта на Соединетите Американски Држави, според Стејт департментот, е „да соработуваат со Владата на Косово за да создадат услови под кои мостот би можел да биде отворен за сообраќај на возила“.

„За таа цел, САД ја повикуваат Владата на Косово да се врати на блискиот и конструктивен ангажман со САД и другите меѓународни партнери“, заклучува Стејт департментот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…

Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…

Урсула фон дер Лајен пречекана во Приштина…

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон…

САД им се заканија на Германија и…

Владата на САД ги предупреди Германија и…

Номинираниот амбасадор на САД во Бугарија: Во…

Номинираниот за нов амбасадор на Соединетите Американски…

Трамп најави планови за јужнокорејски инвестиции од…

Американскиот претседател Доналд Трамп во средата најави…